петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАмпева го вклучи црвениот аларм: И тие малку работници кои останаа во...
spot_img

Ампева го вклучи црвениот аларм: И тие малку работници кои останаа во државата ќе си заминат!

Ги избркавме сите работоспособни граѓани од државата сега ќе увезуваме од Непал, ама немаме инфраструктура – вака претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева ја коментира ситуацијата со недостигот на кадар во македонските фирми, како и најавата дека вработени ќе се увезуваат од држави каде минималната плата е трипати помала од нашата. Вели дека работодавачите во корона пандемијата не ги ценеле своите вработени и затоа сега нема работна рака.

„Еве сега се бараат работници од Непал, од Филипини… Како прво и прво немаме инфраструктура, треба да мислилме на експлантација, ги избкавме сите работоспособни луѓе од државата. Кажав и во време на корона кризата ќе нема работници, ќе се смени состојбата, ама тогаш полесно беше да се отпуштаат колективно. Ова важи апсолутно за сите.“ – вели Амепва.

За малкумината кои сѐ уште се во државата и работат, Амепва е песимист дека ќе се задржат овде. Вели дека и тие ќе си заминат и својата егзистенција ќе ја бараат надвор од грниците на држвата. И не само работата, за иселување на младите влијаат многу причини и факти кои не се на задоволително ниво кај нас.

„Па и тие ќе си заминат очигледно, бидејќи што треба повторно да гледаме како да ја снижиме платата за работниците, треба повторно да ги уценуваме работниците?.Преку глава им е и тие ќе заминат од една држава на која бизнисмените им се на прво место, партиски вработувања и тендери на почеток, држава во која системот не финкционира, што би правеле тука? Ќе си одат и тие“ – додава Ампева.

Ампева потенцираше дека во Гласен текстилец во последно време се повеќе расте бројот на жени работнички, мажи и цели семејства дека во најскоро време ќе заминат од државата. И на крај останува само да се увезуваат работници, бидејќи нашите не се задржаа дома.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ