петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонски дијамант во белиот спорт: Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата!
spot_img

Македонски дијамант во белиот спорт: Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, скокна две места на најновото издание на АТП-листата и сега е на 475-ото место во светот, што е негов најдобар рејтинг во кусата, но богата кариера.

Тој стигна до полуфиналето на ИТФ-турнирот во Поатје (Франција), каде што по голема борба загуби од домашниот натпреварувач Гејмард-Вејенбург (2-6, 6-7).

Следна цел за Ивановски се достигнување на македонските претходници, од кои е на половина пат да ги достигне. Најдобар пласман на македонски тенисер на АТП листата имаше Предраг Русевски (242. место), а зад него се Александар Китинов (296. позиција) и Лазар Магдинчев (339. место).

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ