сабота, декември 10, 2022
Google search engine
ПочетнаБалканПратеници од ЕП загрижени, веднаш го повикале Вучиќ на преговори со цел...
spot_img

Пратеници од ЕП загрижени, веднаш го повикале Вучиќ на преговори со цел да се одржи „Европрајд“ во Србија

145 претставници на Европскиот парламент ги повикаа српските власти да овозможат одржување на Европрајд 2022 и да обезбедат доволна полициска заштита.

Писмото со повикот е упатено до претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ како и до претставниците на ЕУ во Србија и Брисел.

Пратениците потсетија дека прајдовите биле и остануваат клучна алатка за видливоста на ЛГБТИК заедницата ширум светот.

Потписниците на писмото бараат од српските власти, покрај одржувањето на Европрајд како што е планирано, дополнително да се заложат за распоредување на доволно органи за спроведување на законот на настанот и да им се овозможи на учесниците безбедно да го остварат своето право на мирен собир и слободата на изразување.

Исто така, се бара да се одржи дијалог со Делегацијата на ЕУ и организаторите за да се изнајде решение кое ќе обезбеди одржување на настанот.

Потписници на писмото се од сите главни политички групи во ЕП. Шест потпретседатели на Европскиот парламент и пет шефови на политички групи се меѓу потписниците.

Во писмото наведуваат дека се свесни за заканата по безбедноста на демонстрантите, но сметаат дека целосната забрана на овој настан не е вистинското решение.

Во таа насока, раководството на Србија се потсетува дека ова барање е во согласност со обврските на Србија од Европската конвенција за човекови права и важен документ од 2010 година што беше усвоен од Комитетот на министри на Советот на Европа.

Европрајд е меѓународна манифестација која секоја година се одржува во различен град, а оваа година во текот на септември требаше да се одржи во главниот град на Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 30 август изјави дека ќе се почитува одлуката на Владата на Србија да не се одржи Европрајд 2022.

Тој во изјава за медиумите во Претседателството рече дека настанот нема да се одржи и дека таа одлука нема да се менува.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ