петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Мајка“ Македонија тажи и жали: 521 развод за три месеци, на оваа...
spot_img

„Мајка“ Македонија тажи и жали: 521 развод за три месеци, на оваа територија се раѓаат се’ помалку деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на  живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ