петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПисмо до помладиот себеси: Нема да те лажам
spot_img

Писмо до помладиот себеси: Нема да те лажам

Од автобиографијата на Кире Лазаров „Секогаш на победа“

Кариерата на спортист од рангот на Кире Лазаров е премалку да се одбележи само со објава за неговото, како што рече вчера, кратко довидување од ракометот, како и со потсетување на неговите импресивни и тешко повторливи успеси. Тридецениското ракометно патување, како и животниот пат од дете, ги преточи во книга од 212 страници, која почнува вака:

Нема да ти пишувам за тоа низ што сè ќе поминеш во наредните 25 години, бидејќи нема да ми веруваш. Тоа не може во едно писмо сè да собере. Затоа и постои оваа книга. Бесмислено е да ти пишувам колку подеми и падови ќе доживееш на патот кој сам го избра. Кога би знаеле, многумина би се откажале. Сè се тоа лекции, кои мораш да ги поминеш ако сакаш да стигнеш до врвот.

Нема да те предупредувам дека ќе запознаеш многу дори и лоши луѓе, зошто ќе мораш сам да ги препознаеш и да се избориш за себе и за она што навистина го сакаш. Тие ќе бидат твојот тест на издржливост.

Нема да ти зборувам колку е убаво кога си сакан и како е неправедно кога отровни стрели го бодат твоето тело, полно со рани после тешки битки. Емоциите ќе мораш сам да ги совладаш и да ги победиш.

Нема да ти зборувам колку боли кога ќе скршиш рака или ќе скинеш мускул, зашто ни нас никој нè не предупредил, кога за прв пат ја земавме топката во раце. Болката е составен дел на оваа наша игра.

Нема да те плашам дека ќе пораснеш преку ноќ и дека ќе мораш да ги заборавиш безгрижните детски денови. Твоите другари ќе бидат луѓе постари 10-15 години од тебе, од кои ќе мораш брзо да учиш ако сакаш да опстанеш. Во тој свет нема сентименталности.

Нема да ти кажам како е, кога со 16 години ќе го оставиш родителскиот дом и целиот еден свет кој се руши, за да настане нов, по твоја мерка. Ќе го создадеш ако бидеш доволно силен.

Џабе е да ти кажувам колку мали животни радости ќе мораш да жртвуваш. Никогаш нема да успееш да ги пребродиш. Родендените на најдобрите пријатели, журките за кои се прикажуваат легенди, а кои ти ќе ги преспиеш, безгрижните денови од младост и слободното време, раѓањето на своите деца и најинтимните семејни прослави. Кога сè ќе се собере, тоа го разбира само оној кој тоа и го поминал.

Нема да те лажам. Никој ништо нема да ти подари. Секој гол, секоја победа, секој трофеј и секој денар. Сè ќе мораш сам да заработиш. Затоа и не можам да ти опишам колку човек добро се чувствува кога може секој, без макотрпна работа и дисциплина и вера во себеси.

Исполнетоста е знак дека си успеал. Нема биде ова почеток на твојата приказна.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ