среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБитиќи со совети до граѓаните да намалат со климата: Кризата ќе биде...
spot_img

Битиќи со совети до граѓаните да намалат со климата: Кризата ќе биде тука и на почетокот на 2023 година

Ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме по кратки ракави, најверојатно треба да се навикнеме на 22 степени во зимата, а во лето ако е 24 да направиме на 26, рече вицепремиерот наведувајќи пример што го слушнал како секој треба да биде одговорен и да штети.

Сметам дека кризата ќе биде овде не само втората половина на годинава, туку и почеток на 2023 година, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој вели дека е потребна поголема разумност на сите чинители во општеството и да бидеме свесни дека кризата не е одраз само на еден или на друг. Како пример како сите треба да штетиме, вицепремиерот рече наведе дека наместо на 24 степени, во текот на зимата би требало да се грееме на 22 степени.

„Кризата е одраз на севкупното општество, не само во Македонија туку геополитички туку дека против тоа треба да се бориме. Денеска слушнав добра изјава од Стопанската комора на Македонија. Вели: ’Мораме конечно да признаеме дека имаме криза и сите така да се однесуваме‘. И тој даде многу интересен пример, но го даде само кај јавните институции, а јас би го кажал за нашето однесување на сите граѓани. Ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме по кратки ракави, најверојатно треба да се навикнеме на 22 степени во зимата, а во лето ако е 24 да направиме на 26“, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ