понеделник, јули 4, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинЖивотНамирници кои треба да ги избегнувате пред спиење
spot_img

Намирници кои треба да ги избегнувате пред спиење

Истражување на британската компанија бенедит откри кои намирници се најлоши за јадење пред спиење.

Затоа, колку што е возможно, обидете се доцна навечер да избегнете консумација на овие намирници.

Чоколадо

Воопшто не е тајна дека чоколадото не е баш најдобриот оброк пред спиење, најмногу затоа што содржи кофеин и шеќери. Во текот на доцните фази на спиење, внесувањето кофеин најчесто може да предизвика почесто појавување на брзи движења на очите, поради што е поголема веројатноста наутро да се чувствувате уморно.

Зачинета храна

Општо треба да избегнувате зачинета храна поради високото ниво на капсаицин. Оваа хемикалија ја зголемува телесната температура и пречи на процесот на терморегулација на телото, што за возврат го нарушува квалитетот на сонот.

Сладолед

Сладоледот може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, па нагло да порасне откако ќе си легнете. падот на шеќерот во крвта ги предупредува надбубрежните жлезди дека постои итен случај, што за возврат го зголемува нивото на кортизол и го буди телото од сон, предупредуваат експертите.

Чипс

Мало пакување чипс пред спиење можеби е нешто што сакате да го изедете. Но, истовремено тоа е една од најлошите намирници за јадење пред спиење бидејќи придонесува за „површен“ сон.

Обидете се да ги избегнувате солените грицки три часа пред спиење.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ