четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Одлучивме да ги мотивираме и поттикниме најмладите, отсега најдобрите ученици од...
spot_img

Јорданов: Одлучивме да ги мотивираме и поттикниме најмладите, отсега најдобрите ученици од Штип за првпат ќе добиваат стипендии од Општината!

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вчера оствари средба со најдобрите ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“.

Јорданов истакна дека е донесена одлука со која ќе се поттикнат и мотивираат учениците од основните и средните општински училишта, па отсега Општина Штип ќе доделува стипендии на најдобрите и најуспешните.

„Во текот на денешниот ден остварив средба со најуспешните ученици од СОУ Гимназија “Славчо Стојменски”, кои на натпреварите во Македонија и надвор од неа постигнале исклучителни резултати и дома се вратиле со високи достигнувања, при што ги мотивирав да аплицираат за добивање општинска стипендија, затоа што тоа е еден од начините за валоризација на нивниот успех“, изјави иван Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ