Леонид Станиславски има 98 години и официјално е најстариот активен тенисер според Гинисовата книга на рекорди. Тој е бегалец од Украина, кој морал да побегне од својот Харков во Полска, каде Агњешка Радванска, поранешна втора тенисерка во светот, му приредила ронка радост во мрачната реалност.
Двајцата одиграа неколку поени и тој скратен натпревар заврши нерешено. Радвањска му подари на Станиславски еден од своите рекети и фото албум во кој се прикажани моментите од нејзината кариера.
-Воодушевена сум што бев со господин Леонид, се разбира, борбата на неговата нација, како и неговиот став и волја да живее, да спортува и да биде активен. На негова возраст да биде во оваа форма е навистина за поздравување. Играњето тенис е навистина голем предизвик, па затоа ми беше задоволство да играм со него, изјави Радвањска.
Станиславски во минатото беше на теренот со некои од најголемите имиња во спортот, меѓу кои и Рафаел Надал. Тој сега сонува да игра со кремот на сегашната генерација полски играчи, Ига Швјонтек, кој штотуку го презеде бр.1 на ВТА листата и поранешниот АТП топ 10 играч Хуберт Хуркач.