Home Штип News Емотивна сцена во Штип: Данијела Мартиновиќ прегрнува фан со Даунов синдром, кој ѝ подари роза (фото+видео)

Емотивна сцена во Штип: Данијела Мартиновиќ прегрнува фан со Даунов синдром, кој ѝ подари роза (фото+видео)

0
Емотивна сцена во Штип: Данијела Мартиновиќ прегрнува фан со Даунов синдром, кој ѝ подари роза (фото+видео)

„Најубавото нешто што го видов денес“, „Беше и остана дама“, „Прекрасно“ – велат обожавателите на Данијела Мартиновиќ, откако пејачката објави емотивни фотографии од средбата со маж со Даунов синдром, кој ѝ подари роза на концертот во Штип. 

Хрватската ѕвезда Данијела Мартиновиќ на 23 септември одржа концерт во Штип, на познатата манифестација „Пастрмалијада“.

Таа не го криеше воодушевувањето од атмосферата на концертот, од енергијата на македонската публика и љубовта што ја доби за време на настапот, па на својот Инстаграм објави неколку фотки и видеа од гостувањето.

Но, пејачката најмногу ја трогна средбата со нејзин обожавател со Даунов синдром, кој излезе на сцената и ѝ подари црвена роза.

„Прегратка која не се заборава“, напиша таа на Инстаграм и сподели неколку фотографии од емотивната средба.

„Најубавото нешто што го видов денес“, „Беше и остана дама“, „Браво“, „Прекрасно“, ѝ напишаа во коментарите нејзините следбеници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here