Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер „Јако“ го објави новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост. Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.
Новиот дрес на македонската репрезентација, фудбалерите ќе го носат на првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ на 23. март во Скопје.