недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЌе се стопите: Неизмерна среќа, прва новогодишна фотосесија на четворката од Штип...
spot_img

Ќе се стопите: Неизмерна среќа, прва новогодишна фотосесија на четворката од Штип (ФОТО)

Благица и Александар Зикови во октомври годинава станаа родители на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина – кои се родија во 31-вата недела од бременоста на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје

Малите, но големи борци си заминаа во добра состојба по 38 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија.

– Чувството да бидеш мајка на четири дечиња е неописливо, ова чудо што ни се случи на нас е волшебно, нешто посакувано долги четири години. Измешани емоции на среќа, радост, преголема желба да станеш родител.

Како велат постарите ако вашата желба е преголема, Господ ви подарува. Нашата желба беше да имаме две дечиња, но Господ ни подари уште две мали душички – раскажа претходно Благица за Женски Магазин.

Сега пак нивните родители објавија преубава новогодишна сесија која го топи сечие срце.

Погледнете ја целата фотосесија тука.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ