Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на својот Фејсбук профил објави видео преку кое најави озеленување на градот, но и уредување, поврзување и целосно осветлување на кејот на река Отиња.
Како што пишува тој, повеќе од 1500 садници ќе бидат засадени, а ќе се постават и стотина канделабри и клупи.
Штипјани ќе добијат зелена и целосно осветлена пешачка зона во центарот на градот.