петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов со покана до здружението - „Спаси Живот Штип“: Општината е подготвена...
spot_img

Јорданов со покана до здружението – „Спаси Живот Штип“: Општината е подготвена да соработува во интерес на благосостојбата на бездомните кучиња!

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, упати повик до активистите на Спаси Живот Штип – Здружение за заштита на животни, утре со почеток од 11:00 часот во просториите на Општина Штип, заеднички да дебатираат за благосостојбата на бездомните кучиња!

„Најпрво би сакал да се заблагодарам на Спаси Живот Штип – Здружение за заштита на животни, кои будно ја следат состојбата со животните во нашата општина и активно се залагаат за благосостојбата на бездомните кучиња. Мојата комуникација до сега беше со Milka Dokuzova и др. Senad Arslan, но како човек кому му е дадена доверба од граѓаните, би сакал лично да ги слушнам реакциите од споменатото здружение. Нашите намери се искрени и во интерес на заедницата, затоа утре во 11:00 часот ги поканувам на состанок во Општина Штип, на кој би дискутирале за моменталните состојби и би сакал да слушнам сугестии, на кој начин, политиките на општината да бидат насочени кон здрави услови за живот на секое живо битие во нашиот град“, стои во соопштението на Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ