Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека јавната администрација ќе добие нов софтвер за дигитализација, а на овој начин ќе завршат „шетањата“ на граѓаните од шалтер до шалтер.
Штипјани ќе можат да комуницираат со јавната администрација преку електронски пат, без да доаѓаат во општинската зграда.
Дигитализацијата особено ќе биде добердојдена да се избегне излегување среде горештини во летите денови или во ладните на зима, а притоа ќе се овозможи и на граѓаните кои работат преку ден да можат да си ги завршат своите потреби по електронски пат без да бараат ослободување од работните места.