недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Нема да дозволам понижување на штипскиот бренд - Макфест, ниту уништување...
spot_img

Јорданов: Нема да дозволам понижување на штипскиот бренд – Макфест, ниту уништување на македонската музика и уметност

Триесет и осмото издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ и годинава ќе се одржи без финансиска поддршка на Министерството за култура.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, најави дека и втора година по ред овој фестивал ќе биде целосно финансиран од Општина Штип.

Локалната самоуправа реши во свои раце одново да ја превземе целата организација, откако од Министерството за култура добија понижувачки 400.000 денари, кои градоначалникот Иван Јорданов ги одби.

За потсетување, Министерството за култура, годинава на располагање доби 760 милиони денари за организирање на забавни манифестации низ целата држава.

„Единствениот бренд од забавната музичка естрада во Македонија не заслужува ваква мизерија, не е дозволиво да биде рангирано и уништувано во трета категорија се’ она што промовира македонска уметност и музика … Штип на достоинствен начин со свои средства ќе го реализира Макфест, а на надлежните од Министерство за култура ќе им ги оставиме овие 6000 евра за да ги искористат за нивните партиски послушници“, истакна Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ