петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтип за најмногу три месеци ќе ја добие првата велосипедска патека
spot_img

Штип за најмногу три месеци ќе ја добие првата велосипедска патека

За неколку месеци Штип ќе ја добие првата велосипедска патека. Имено, денеска првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека ќе се прошири постоечката пешачка патека од населба Балканска до Ново Село и ќе се направи велосипедска патека. Средставата за ова ќе бидат обезбедени од Буџетот на општината.

„Во завршна фаза сме со завршување на тендерската постапка за проширување на пешачката патека долж коритото на река Брегалница. предвидуваме уште една патека која ќе биде велосипедска, проширување на овој дел кој служи за спорт и рекреација во должина од шест километри од потегот од населба Балканска до Ново Село. Очекува по завршувањето на тендерската постапка веќе од наредниот месец да се започнат градежните активности за изведба на оваа патека која ќе биде некаде над 12 милиони денари“ – кажа Јорданов.

Проширувањето на пешачката со велосипедска патека следува по барањето и реакциите од страна на граѓаните, бидејќи сега постоечката патека се користи и за пешачење и за возење велосипед.

„Многу наши сограѓани ја користат за рекреација оваа патека и затоа испланиравме најпрво да ја прошириме со велосипедска патека, а од догодина да ја продолжиме“ – додаде Јорданов.

Инаку потребата од велосипедска патека за граѓаните во Штип беше неколкупати до сега посочувана од нивна страна. Простор кој ќе биде наменет само за возење велосипед во Штип по три месеци треба да биде реалност.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ