недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипски „Исар“ со две нови возила ќе ги одржува патеките и зеленилото...
spot_img

Штипски „Исар“ со две нови возила ќе ги одржува патеките и зеленилото во градот

Штипското комунално претпријатие „Исар“ напролет ќе го одржува зеленилото со ново мултифункционално возило, а со уште едно такво ќе ги одржува и патеките во парковите. Директорот Кирил Зајков вели дека во план им е набавка на две возила која е предвидена за оваа година, со цел да им помогне во работата.

Тој истакна дека годинава ќе има зголемување на динамиката на чистењето и уредувањето на јавните површини и сообраќајници, поради што ќе се опремат и со нови возила. -За таа цел планираме да набавиме и ново мултифункционално возило кое ќе ни помогне за одржување на јавните површини т.е. на патеките во парковите, како и набавка на мултифункционално возило кое ќе ни помогне во справувањето со зелената или тревната маса која е реален проблем во периодот кој ќе следува т.е. во пролетниот период од годината.

Тоа е нешто што во 2024 година како цел го имаме поставено и сме убедени дека ќе го реализираме. Набавката на оваа мултифункционална машина ќе помогне за полесно работење, изјави Зајков.

ЈП „Исар“ ќе продолжи и со примарната активност – промената на водоводни и канализациски мрежи, а и за тоа ќе им биде потребна нова технологија, чија набавка е планирана во Програмата за оваа година. -Секако, овде е и набавката на соодветна технологија која ќе ни помогне за подобрување на услугите во делот на реконструкцијата на водоводните и канализационите мрежи.

Планираме да продолжиме со активностите кои ги започнавме во населба Суитлак. Ќе се работи и на изработка на водоводна линија во населбата Плуждино, рече Зајков.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ