Вечерва во штипската населба Дузлак се отвори мултифункционалниот спортски комплекс со содржини за сите генерации. Овој парк, изминатите години беше заборавен, но Локалната самоуправа одлучи да го обнови и реконструира.
Штипјани сега имаат обезбедено игралиште за баскет со специјализирана тартан подлога, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, терен за одбојка, како и нови детски реквизити.
Просторот околу игралиштата го уредивме хортикултурно, а сега веќе е заштитен со ограда и целосно осветлен. Во овој проект Општина Штип, во соработка со општествено одговорната компанија Флекс кредит инвестираше 3.500.000,00 денари, за младите да имаат можност непречено да рекреираат и спортуваат.