сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипските пензионери протестираат во четврток
spot_img

Штипските пензионери протестираат во четврток


Штипските пензионери на 28-ми март 2024 година ќе излезат повторно на протест на плоштадот „Слобода“. Покрај стандардните барања за линеарно зголемување на пензиите, тие велат дека ќе се разгледаат и дебарите на здруженијата на пензионери. Одлучни се дека нивните активности за тековната година треба да бидат поддржани со цел да ги добијат своите права.

„На 28-ми март 2024 година ќе се одржи протест тука на плоштадот „Слобода“. Ќе се разговара и ќе се разгледаат дебарите на сите здруженија на пензионери, а посебно на нивното ангажирање за поддршка на штрајкувачите или луѓето кои се во координативните тела. Ќе се разговара за тоа какви се нивните неправилности во нивната работа. За програмата на 2024 година, здружението „Скопје“ даде да се поддржат сите активности на штрајкувачите. Од штипското здружение нашите активности не се поддржуваат.“ – вели Митев.

На протестот секоја среда излегуваат и светиниколските пензионери. Дополнително велат дека ќе бидат дел и од протестот кој е закажан за 4-ти април во Скопје.

„Заедно со другите пензионери од целата држава, и ние пензионерите од Свети Николе ќе учествуваме на протестот на 4-ти април со цел линеарно зголемување на пензиите.“ – вели Станојков.

И од двете здруженија на пензионери повикуваат на масовност на протестите со цел да може да се добијат нивните права и заслуги.

„Ги поканувам сите достојни пензионери да присуствуваат на овој протест.“ – додава Митев.

Пензионерите во изминатиот период постојано на улицата ги бараат своите права, односно бараат линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари, како и усогласување на минималната пензија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ