недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСпортШтипскиот ултрамаратонец Иван Радев истрча 120 километри на Лаваредо во Италија, заврши...
spot_img

Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев истрча 120 километри на Лаваредо во Италија, заврши на 120 место од 1.550 тркачи

Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев успешно ја заврши трката на 120 километри Лаваредо ултра треил во Кортина Д’Ампецо во Италија. Радев истрча 120 км со искачување од 6.000 метри за 17 часа и 40 минути и заврши на 120. место од 1.550 тркачи од целиот свет, а беше единствениот ултрамаратонец од Македонија.

На 27 мај  28-годишниот Радев победи на Охрид ултра треил на трката од 107 километри.

„Точно една година по првиот обид, конечно комплетиран целиот круг од 120 км околу Тре Чиме ди Лаваредо. Среќен крај на еден за мене малку луд план, да трчам два ултрамаратони во еден месец, но за среќа, планините овој пат дозволија соништата да станат реалност. По ланскиот неуспех, главна цел за оваа година ми беше да финиширам, без разлика дали ќе финиширам за два часа порано или подоцна. Многу малку фалеше и оваа година година да се откажам поради гадење, повраќање и вртоглавици во првите 30 км, но за среќа, секоја криза има свој крај“, вели Радев и додава:

„Првите 30 километри буквално како во бессознание да бев. Со тек на време мачнините се повлекоа, гледав само да јадам и пијам што е можно повеќе за да не изгубам енергија, така што не се ни сеќавам многу како помина тој дел. Патеката е исклучително тешка, техничка, карпеста и предизвикувачка, а убавината на Доломитите ти прават да се осеќаш како да трчаш на друга планета“, вели Радев, кој е член на клубовите „Трекс“ и „Коранерс“.

Сега планира две недели да одмори од трчање, а следната поголема трка ќе му биде на 160 км на Пирин ултра во Бугарија во септември.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ