петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаХристијан Пендиков за Бтв: Копнеам да се вратам во Македонија и на...
spot_img

Христијан Пендиков за Бтв: Копнеам да се вратам во Македонија и на сите да им кажам дека сум Бугарин!

– Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можеме безбедно да кажеме дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи – и не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари, нагласува Пендиков.

Тој напомена дека имал информации дека може да биде нападнат и во Бугарија и дека е загрижен за неговите најблиски, особено за неговата мајка.

– Мајка ми постојано добива закани. И’ пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. И јас не ги сакав Бугарите како мал, но подоцна се разбудив и станав македонски Бугарин. Во Охрид ме тепаа затоа што се пишував како Бугарин, вели Пендиков.

Тој изјави дека во Македонија било сосема нормално да се пцујат и да се тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала соодветни мерки.

Ја опиша и вечерта на нападот.

– Бев во ресторанот со некои девојки. Дојдоа двајца, тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Зошто се нареков Бугарин, дека сум предавник? И такви работи. Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, претседателот на клубот, да му кажам што се случило. Потоа Илија излезе и ми го зеде телефонот. Ми рече „влези внатре и биди смирен за да нема проблеми“. Влегов внатре, ја зедов јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се случи сѐ, рече Пендиков.

Започнале ударите. Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и додаде дека имало тројца напаѓачи.

– Ми се закануваат, пуштаат снимки од оружје, и’ се закануваат на мајка ми, вели тој и додава дека во Македонија ги учеле таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаат нешто лошо да и’ се случи на Македонија.

Веќе неколку дена Пендиков има деноноќна полициска заштита. Добива слики од оружје и закани дека луѓето ќе дојдат во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ