петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаБалканХоророт во Белград не може да се заборави: Прва изјава на ученик...
spot_img

Хоророт во Белград не може да се заборави: Прва изјава на ученик чие име било на списокот на Коста, но успеал да преживее

Момчето Ѓ. Ш. успеало да го избегне масакрот во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ иако бил на списокот што го направил ученикот од 7-мо одделение Коста К. кој уби 8 ученици и чуварот на училиштето, пренесува Информер.

Ученици, наставници, родители, граѓани и јавни личности вечерва се собраа пред училиштето, а меѓу нив имаше и ученици кои се најдоа на списокот за убиства, но за среќа успеале да ја избегнат трагедијата.

– Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјавил Ѓ. Ш. за Информер.

Во нападот беа ранети уште седум лица, меѓу кои и наставничка по историја. Лекарите се борат за животот на 13-годишното девојче, кое се здобило со прострелна рана во главата.

Коста го земал пиштолот од татко му, кој во меѓувреме е уапсен. Освен оружјето, осомничениот за масакрот со себе имал и четири молотови коктели. Кривично нема да одговара бидејќи уште нема 14 години.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ