сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотУШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ: СЕ ЗГОЛЕМУВА И ЦЕНАТА НА ПИВОТО најави најголемиот...
spot_img

УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ: СЕ ЗГОЛЕМУВА И ЦЕНАТА НА ПИВОТО најави најголемиот европски производител 

Холандската компанија Хајнекен, најголемиот европски производител на пиво, најави дека ќе мора да ги компензира високите трошоци за суровини, енергија и транспорт со покачување на цената на својот производ.

Цената на јачменот што се користи за производство на пиво, како и на алуминиумот од кој се прават лименки се зголемени за околу 50 отсто.

Дополнително, се очекува и останатите суровини да поскапат за 15 до 17 отсто, а сето тоа, како што се додава, би можело да ја намали потрошувачката на пиво.

Мислам дека не сме виделе такво зголемување на цените и трошоците во цела генерација. Големото прашање е како тоа ќе влијае на поразвиените пазари кои досега не виделе такви цени, рече извршниот директор на Хајнекен Долф ван ден Бринк.

Според него, пазарите кои веќе се формираат се покажале како поотпорни на поскапувања.

Директорите на Хајнекен процениле дека пандемијата ќе влијае на приходите на компанијата и во 2022 година.

Покрај сето тоа, како што се истакнува, се очекува долгорочно закрепнување на европското гостопримство од пандемијата на коронавирус.

Холандската компанија продолжува да цели на оперативна профитна маржа (профит без камата и даноци) од 17 проценти во следната 2023 година.

Хајнекен минатата година продаде 4,6 отсто повеќе пиво отколку една година порано, во сите региони освен во Азија.

Зголемувањето на цените и преминот кон поскапи пива го зголемија нето-приходот на компанијата (приходите кои вклучуваат давачки) за 12,2 отсто, на 21,9 милијарди евра.

Оперативната добивка е зголемена за 43,8 отсто, на 3,41 милијарди евра, но, како што е наведено, и понатаму е помала отколку во периодот пред пандемијата 2019 година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ