Дојави за бомби утрово има во неколку скопски гимназии.
Пријави за наводно поставени бомби има во гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, како и во основните училишта „Коле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Дојави стигнале во основите училишта „Коле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „Јохан Хајнрих Песталоци“. Овојпат заканувачките пораки пристигнале уште пред почетокот на часовите во првата смена.
Екипите на МВР веќе се на терен каде се вршат сите неопходни проверки.