петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаУништен муралот на Новак Ѓоковиќ поради неговата изјава за Косово!
spot_img

Уништен муралот на Новак Ѓоковиќ поради неговата изјава за Косово!

Муралот во Ораховац, посветен на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ , бил уништен во текот на ноќта, пренесува сајтот на Радио Гораждевац.

Ѓоковиќ по победата во првото коло на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ, на камерата ја напиша пораката „ Косово е срцето на Србија – стоп со насилството“. А тоа до одреден степен ги „изнервира“ тамошните медиуми кои веднаш го нападнаа.

Жителите на горниот дел на Ораховац утринава околу шест пронашле уништен мурал и сега чекаат да пристигне полицијата.

Сликањето на муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораховац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го реализираше организацијата „Амици ди Дечани“, во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година сликал мурали по желба на места со српско население на Косово и Метохија и договор со домаќините.

Муралот на Ѓоковиќ, кој беше насликан на српска куќа спроти црквата во Ораховац, исто така беше уништен на почетокот на февруари, кога беше обоен со бела боја. Тој мурал е насликан во март 2022 година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ