петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsТројцата моторџии заглавени во кал на Плачковица се живи и здрави
spot_img

Тројцата моторџии заглавени во кал на Плачковица се живи и здрави

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи, е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица.

-Се работи за три лица со мотори, кои заедно со поголема група се упатиле од хотел „Бел камен“ (Радовиш) кон с. Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација. Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица ПС Штип на правецот Туртел – одмаралиште УГД, едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица, информираат од ЦУК

Истоврено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организираат да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност.

-Утрово, РЦУК Штип, извести дека од Планинарска служба Осогово со 4 лица и 1 теренско возило во 05:00 часот излегле на терен и пребарувале на ралција Видовиште, Латал – Бел Камен. Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба, велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ