петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинТимот на Лил стана еротска инспирација: За време на меч во Ница...
spot_img

Тимот на Лил стана еротска инспирација: За време на меч во Ница сниман порно, сега клубот ги тужи непознатите сторители

Урнебесна вест доаѓа од Франција, откако Ница стартувала тужба против неименувани сторители, откако порно-материјал се појавил по страници за возрасни, со акција на стадионот на францускиот прволигаш.

Според информациите, видеото со порно содржина е сниман за време на мечот на 29 јануари со Лил, а сцената на филмот почнува на трибините на стадионот каде „главните глумци“ започнуваат разговор, а потоа акцијата се префрла во тоалетите на домот на францускиот клуб.

И во Ница никој не знаел за ова порно видео, сѐ додека не се појавило во етер, а од низа кадри на почетокот сфатиле дека е сниман на нивниот стадион „Алијанц Ривиера“.

„Ница стартуваше тужба против лицата кои го снимаа овој филм за возрасни во тоалетите на ‘Алијанц Ривиера’. Случката е од 29 јануари на мечот со Лил“, објави францускиот прволигаш.

Но, допрва полицијата прво треба да ги открие престапниците, па Ница по судски пат да бара отштета од престапниците.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ