недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивот„Татко ми не дише, заглавен сум се ме боли“- дете од 8...
spot_img

„Татко ми не дише, заглавен сум се ме боли“- дете од 8 години пријавило собраќајка во Кавадарци

Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила на патот Дреново- Кавадарци. Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Сообраќајката ја пријавил во полиција 8-годишниот син на возачот.

Детето и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко. Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена, а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје.

-Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише’’- објави на својот Фејбук профил градоначалникот Митко Јанчев.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ