сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТаткото на Вања: Важно ми е да има разрешница за да одлучам...
spot_img

Таткото на Вања: Важно ми е да има разрешница за да одлучам дали ќе останам на овој или ќе се придружам на другиот свет

Јас сум поделен на два света – едното дете ми е тука, другото ми го одзедоа. Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, важно ми е да има разрешница за да може да донесам одлука како возрасен човек дали ќе продолжам на овој или ќе се придружам на другиот свет.

Ова низ солзи и видно вознемирен го кажа Александар Ѓорчевски, осомничен за вмешаност во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која на почетокот на декември беше пронајдена убиена во околината на Скопје, на денешната јавната седница во Врховниот суд која се одржува по одбиената жалба на Апелацискиот суд за продолжување на мерката притвор.

На почетокот на седницата краток осврт на жалбата на одбраната на Ѓорчевски против решението на скопска апелација даде судијката Мирјана Лазарова-Трајковска, која е судија-известител во предметот оформен од Врховниот суд. Таа, меѓу другото, посочи дека одбраната во жалбата укажува дека осомничениот бил подложен на тортура во истражниот затвор „Скопје“, каде што го издржува притворот, односно бил испитуван од лица кои се претставувале како полициски службеници со намера од него да изнудат признание за стореното кривично дело.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ