сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСпортСлавје во Штип: Анчева даде 12 гола, „амазонките“ го добија двобојот со...
spot_img

Славје во Штип: Анчева даде 12 гола, „амазонките“ го добија двобојот со Спартак

Тимот на Астибо, предводен од Марија Анчева, ја прослави третата сезонска победа во Женската лига, откако во Штип славеше против Спартак со 39-33.

Се играше израмнето до 5-5, пред штипјанки да се одлепат на плус четири 9-5, но Спартак набрзина се врати на минус еден, 10-9.

Одново следуваше пад кај гостинките од Скопје и Астибо беше на плус пет, 14-9, а до крајот на полувремето избраничките на Дејан Величков задржаа позитива од два гола, 17-15. Во поголем дел од второто полувреме, штипјанки одржуваа предност од два до пет погодоци. По 28-26 за Астибо, Спартак ја презема контролата на терен и успеа да направи комплетен пресврт, 31-30.

Но токму кога требаше да го направат последниот чекор кон победа, како да застанаа избраничките на Велимир Мицевски. Во меѓувреме најдобриот стрелец на Спартак, Ангела Гроздановска, доби црвен картон поради три икслучувања и тоа беше дополнителен проблеми за гостинките.

Имаше Спартак и 32-31, но исклучена беше и Андовска, па Астибо преку Атанасова, Анчева и Богоевска си ја врати предноста на своја страна, 35-32. Митова намали на 35-33, но во последните пет минути Спартак не постигна гол, домаќинките беа прецизини уште четири пати и јасно беше дека бодовите остануваат во Штип.

Најдобри стрелци во домашниот состав беа Анчева со 12 и Богоевска со десет погодоци, а одлична беше и голманката Петрушева со 17 интервенции, додека кај Спартак се истакнаа Гроздановска со десет, како и Мемов и Андовска со по осум гола.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ