петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСлавјанка решена да го сруши Путин: Македонија денеска испрати нова тура на...
spot_img

Славјанка решена да го сруши Путин: Македонија денеска испрати нова тура на тенкови во Украина!

Утринава до редакцијата на Инфомакс пристигнаа низа на фотографии од конвој од околу 10-тина тенкови покриени со церади во околината на Скопје.

Фотографиите се направени во околината на општина Петровец, а ако се на пат кон Украина тоа би била логична дестинација.

Претходните 10-тина армиски тенкови преку Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир завршија во Бугарија, за потоа во текот на вчерашниот ден да бидат снимени во Романија.

Неофицијалните проценки се дека околу 1/3 од сите тенкови кои ги поседува АРМ со првата пратка завршија во Украина, по се изгледа дека сега во Украина ќе заврши и втората третина од македонските тенкови.

Се очекува тенковите на АРМ да бидат заменети со модерни по НАТО стандарди тенкови како што е праксата со советското и југословенското оружје во сите армии на држави членки на НАТО.

Утринава се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова која смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72.

Иако станува збор за застарена опрема, со донацијата, наведува Захарова, се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“.

– И покрај тоа што, според македонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ