сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Скапотија до шија“: Синдикалната минимална кошница за јануари во Македонија достигна до...
spot_img

„Скапотија до шија“: Синдикалната минимална кошница за јануари во Македонија достигна до 57.163 денари

Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72 538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара.

Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21 007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4 803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6 014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1 797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1 115 денари или 2 отсто, на транспорт 4 759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2 709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4 205 денари или 7,4 проценти, на образование 7 022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3 733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ