петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСекој вторник ЈП „Исар“ ќе собира градежен шут од домаќинствата.
spot_img

Секој вторник ЈП „Исар“ ќе собира градежен шут од домаќинствата.

ЈП „Исар“ со апел – граѓаните да пријавуваат градежен шут, а екипи ќе го собираат секој вторник од домаќинствата. Имено, како што истакна в.д. директорот, Трајче Здравков, оваа активност е ставена во програмата за 2022 година меѓу мерките за зачувување и почиста животна средина. Основната цел е да не се формираат диви депонии и да се спречи нелегалното одлагање градежен шут.

„Со цел да имаме почиста животна средина, ЈП „Исар“ повторно сака да го актуализира прашањето со нелегалното одлагање на градежниот шут, односно повторно да напоменеме дека како јавно претпријатие во програмата имаме вметнато дека ќе одлагаме градежен шут од домаќинствата. Па така, апелирам до сите граѓани да пријавуваат во нашите инфо – центри или на „фејсбук“ – страницата доколку од своите домаќинства имаат за исфрлање градежен шут. ЈП „Исар“ преку неделата прави распоред и секој вторник по тој распоред, односно по пријавите од граѓаните ќе поминува по домаќинствата и ќе го зема тој градежен шут, па ќе го одлага на места кои се за таа намена“, истакна Здравков.

Оваа активност се спроведувала и во текот на претходните недели, а граѓаните покажале заинтересираност. Освен ова, пријави имало и за нелегално одлагање шут, што според Здравков, покажува дека поставените информативни табли даваат резултат.

„Го спроведувавме и имаме по десетина пријави неделно, но мислам дека можеме и повеќе да собереме, бидејќи при нашите обиколки забележуваме дека повторно се одлага некоја количина градежен шут. Имаме и пријави за нелегално одлагање, ние пријавите ги проследуваме кон комуналната инспекција за понатамошно постапување“, додаде Здравков.

ЈП „Исар“ претходно ги чистеше сите диви депонии во населбите низ Штип, а за март месец најавена е и зелена офанзива за почиста животна средина и разубавување на градот.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ