сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСпортРоналдо претставен во Ал Наср: Јас сум уникатен играч, па затоа и...
spot_img

Роналдо претставен во Ал Наср: Јас сум уникатен играч, па затоа и договорот е уникатен!

Кристијано Роналдо беше претставен како нов играч на Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија со кој пред неколку дена потпиша финансиски исклучително богат договор. „Јас сум уникатен играч.

Ги соборив сите рекорди во Европа, сакам и овде да соборам некои рекорди. И договорот што го потпишавме е уникатен поради тоа. Тоа е нормално “, изјави Роналдо.

По неговиот потпис со Ал Наср се шпекулираше дека од јуни може да замине на позајмица во Њукасл, но Роналдо вели дека неговата работа во Европа е завршена.

„Мојата работа во Европа е завршена. Играв во најдобрите клубови и освоив сè“, додаде Португалецот. Тој вели дека е подготвен за деби и доколку дозволи тренерот би настапил уште на средбата која што е за два дена.

„Би сакал да играм задутре, доколку се согласи тренерот“, заврши Роналдо. Ал Наср својот следен натпревар го игра на петти јануари против Ал Тае.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ