недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСпортРоналдо Вебстер: Брегалница против Шкендија да почне една позитивна серија!
spot_img

Роналдо Вебстер: Брегалница против Шкендија да почне една позитивна серија!

Брегалница во сабота од 13 часот во Штип ја пречекува Шкендија во првиот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

По лошите резултати на тимот, „сините“ посакуваат конечно позитивно издание и бодови за избегнување од последните позиции на табелата.

Еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Роналдо Вебстер верува дека тимот може да одигра квалитетно и да дојде до посакувани бодови против фаворитот.

„На првиот меѓусебен натпревар со Шкендија сезонава загубивме несреќно. Бевме подобар противник, креиравме шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Но, тоа е фудбалот. Сите знаеме дека Шкендија е добар тим, но лично сметам дека е време Брегалница да се врати на победничка патека и само победа ни е во мислите, размислуваме само на цел плен од мечот“ – вели Роналдо Вебстер за официјалната страница на клубот, според кого ова е вистинскиот меч да се почне позитивна серија.

„Тренираме напорно, ќе играме посветено и мотивирано. Размислуваме сите исто, само победа е опција во сабота. И нормално, почеток на една добра серија со позитивни резултати“ – вели Вебстер кој се жали на мала повреда, но се очекува да биде на располагање на тренерот Горан Здравков.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ