сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризираноРаздвижен пазар во Штип
spot_img

Раздвижен пазар во Штип

Сонце, топло време, раздвиженост и полни тезги. Полни раце работа за продавачите, изобилство производи за купувачите. Ваква беше сликата утринава на градскиот пазар во Штип. Цените исти како и претходниот петок, но исти се и примањата. Иако излегле да купат некои од основните продукти за прехрана, анкетираните штипјани, главно, пензионери, велат дека ниските пензии и не им дозволуваат многу да купуваат.

Најмногу се купуваше овошје, но и зелени зеленчуци, како зелка, марула, спанаќ и праз, како и компир. Раст во цените, според купувачите, немаше, а според продавачите денес можеше да се каже дека имаше добар пазар после неколку недели.

Според продавачите, пак, побарувачката е различна за секој производ, но луѓето купуваат, а сонцето, секако, им оди во прилог.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ