На 24.03.2023 во 14.05 часот во СВР Штип било пријавено дека од кров на хотел во Штип додека изведувал градежни работи паднал Х.Л.(32) од Скопје, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип, а за настанот е известен Државен трудов инспекторат.