На светските пазари е претставен најновиот телефон од серијата „Poco F“, а тоа е моделот „Poco F4 GT“. Телефонот користи премиум чипсет, има дисплеј со висока стапка на освежување и поддршка за екстремно брзо полнење на батеријата.
Телефонот се напојува со чипсет „Snapdragon 8 Gen 1“ на „Qualcomm“, чие прегревање при напорна работа и играње ќе се спречи со „LiquidCool 3.0“ технологијата, која се состои од две комори за пареа. Според извештаите, овие комори се 170% поголеми од оние на моделот „Poco F3 GT“, кој ја користеше верзијата 1.0 на технологијата.

„Adreno 730 GPU“ (50% побрз од претходната генерација) е задолжен за графичка поддршка, а целата содржина се прикажува на рамен „AMOLED“ екран од 6,67 инчи. Станува збор за 10-битен панел, со дисплеј од една милијарда бои, со стапка на освежување од 120 Hz.
Како и претходните „GT“ модели, „Poco F4 GT“ е исто така ориентиран кон игри, со дополнителни контроли преку копчиња во рамката. Тие се тестирани на повеќе од 100 популарни игри, а може да се користат и како кратенки при нормална употреба на телефонот (на пример, вклучување на камерата итн.).

„F4 GT“ е телефонот на „Poco“ со најбрзото полнење досега и нуди поддршка за 120W „HyperCharge“. Телефонот има батерија од 4.700 mAh и до 100% може да се наполни за 17 минути. Има и режим кој овозможува полнење додека играте игри – создава помалку топлина, а сепак е брз, па телефонот се полни 100% за 27 минути.
Во областа на камерите, „F4 GT“ користи два сензори на „Sony“. На задната страна има сензор IMX686 од 64 MP (1 / 1,73 “, f / 1,9), а исто така има и ултра широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP. Другиот сензор на „Sony“ е 20 MP IMX596 во предната камера, кој се наоѓа во „punch-hole“ отворот.
„Poco F4 GT“ ќе биде пуштен во продажба од денес (28 април) во „Stealth Black“, „Knight Silver“ и „Cyber Yellow“ варијанти. Ќе има две верзии – основната со 8GB LPDDR5 RAM и 128GB простор за складирање на податоци UFS 3.1, по цена од 600 евра, како и модел од 12GB + 256GB, со цена од 700 евра.