петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес поднесе Предлог на закон за...
spot_img

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27ми април 2017та година.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27ми април 2017та година.

Овој Предлог на закон го поднесуваме и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 Со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27ми април, без исклучок.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се надеваме дека мнозинството ќе го поддржи, прифати и ќе гласа за овој Предлог на закон бидејќи во спротивно, доколку не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив, селективноста е на прво место, a владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде. Истакна пратеникот Никола Мицевски

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ