По 2 години пауза поради Ковид пандемијата, манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ повторно ќе се организира.
Годинава ќе се одржи во последната недела од месец септември, кога според традицијата започнува да се конзумира овој кулинарски специјалитет.
Првата вечер гостите ќе ги забавуваат групите ДНК и Џамбо Агушеви, за да забавата кулминара со настапот на Розга.
Штипската пастрмајлија пред 11 години стана брендиран гурмански производ и препознатлив симбол на градот под Исарот, а манифестацијата ќе биде 14-та по ред.