сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаХороскопПолна Месечина во Близнаци на 27 ноември: Време е за нови поглавја
spot_img

Полна Месечина во Близнаци на 27 ноември: Време е за нови поглавја

Полека се придвижуваме до крајот на годината, а оваа полна Месечина ни носи сила како да се ослободиме од некои работи од минатото и да се подготвиме за ново поглавје во нашиот живот.

За некои од нас, оваа година донесе големи потешкотии, но со доаѓањето на новата година, ова е поттик за сите нас дека можеби следната година ќе биде подобра.

Близнаците ја означуваат дуалноста која постои кај сите нас. Освен тоа, во игра се и многу планетарни транзити во овој период. Се чувствуваме продуховено и храбро. Ако нешто „врие” во вас, со светлината на полната Месечина ќе успеете да го пуштите од себе и да се чувствувате полесно. 

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Време е да започнете да размислувате поинаку. Начинот на кој доаѓавте до заклучоци веќе не функционира како порано. Универзумот ве предизвикува да растете и еволуирате, што би можело да биде тешко, но е секако корисно за вас. Веројатно препознавате од што треба да се ослободите и ако сте збунети, одвојте една минута да медитирате за да дојдете до одговорите. Одлуките што ги донесувате денес одредуваат кои ќе бидете утре.

Бик

Што значи почит таза вас? Ако тоа вклучува обезвреднување на другите со тоа што вашите потреби секогаш се најважни, а нивните не се, тогаш грешите многу. 

 Секако, луѓето можеби нема да ги соопштат своите очекувања и граници и тоа може да предизвика збунеост- сепак, тоа е сè уште ваш проблем. Сега е одлично време да застанете и да набљудувате што е потребно од вас. Што можете да им понудите на другите луѓе? Кога се двоумите, прашајте и активно слушајте.

Близнаци

Близнаци, фокусирајте се малку помалку на себе и почнете да обрнувате внимание на пријателите! Како се гледате себеси влијаеш лошо на вашата способност да се покажете пред другите. Можеби мислите дека луѓето ќе зборуваат за она што го сакаат, но големи се шансите дека се надеваат дека ќе обрнете внимание за да не мора да ви цртаат некои работи. Одвојте момент да се ставите на местото на другите луѓе и да размислите дека она што е праведно за вас можеби не е правично за нив.

Рак

Следете ја вашата волја за живот! Луѓето успеваат кога препознаваат дека секој здив што го земаат е потсетник дека тие минале низ многу искуства, но и дека уште многу чека пред нив. Поправете се себеси со тоа што ќе се грижите за вашите потреби! Закажете важен термин за масажа или доктор, одете во теретана, прочитајте страница од вашата книга која стои ја полицата! Покажете се колку се сакате себеси преку малите нешта кои ги правите за себе.

Лав

Лео, време е за нови потези, полиња и поглавја. Минувањето време во вашата регуларна рутина со познати лица е одлично, но за интроспекција и откривање, треба да тргнете подалеку од вашиот типичен пат. Можеби ќе го најдете вашиот следен голем извор на инспирација, или барем ново место кое ви носи возбуда.

Девица

Исчистете си го домот. Иако сте еден од најпедантните хороскопски знаци, во последно време како да го занемарувате својот дом и личен простор и ја ставате кариерата н прво место. Поставете одредени граници со вашиот шеф и престанете да ги правите вашите должности на работното место ваш главен приоритет. Воведувањето ред и поставувањето граници всушност може да биде пат кон напредување во кариерата. Не морате постојано да бидете послушни.

Вага

Разбудете го детето во себе и  бидете личноста што ви треба за себе! Вие постојано покажувате грижа за другите, но некои од нив не можат да ви вратат на истиот начин. Наместо да се лутите за тоа, сменете го пристапот. Сосема е во ред да кажете НЕ за некои работи. 

Шкорпија

Скорпија, наместо да играте по туѓите правила, време е вие да  примените сопствениот закон.  Бегањето од реалноста нема да ве спречи од вашите обврски. Инвестирањето време во вашите интереси бара повремено да бидете лошиот човек. Колку и да сакате да сте тука за вашите најблиски, време е да се изберетете сами, овој период. Поставете ги правилата на начин кој вам ви одговара.

Стрелец

Заборавете на другите за момент. Ова е ваше време и треба самите да одредите што најдобро функционира за вас. Направете нешто што ве прави среќни. Не мора среќата секогаш да ви зависи од другите луѓе. Букирајте патување, одете во спа, средете ги ноктите. Поминете време сами за да ја доживеете убавината на некои искуства.

Јарец

За вас е тешко да бидете слушнати и сфатени сериозно. Но, за почеток треба самите да престанете да се сфаќате премногу сериозно. Можеби ќе ви биде тешко да се чувствувате разбрани од другите, но вашето минато не е причина да се препуштите на песимизмот. Поминете ја оваа недела потсетувајќи се на недоволно задоволените потреби на вашето внатрешно дете. Што ви е потребно и како можете да дојдете до тоа?

Водолија

Соберете се со другите, разговарајте, споделувајте идеи, градете нови соработки. Поставете цели во кои ќе успеете само со поддршката и довербата од другите луѓе. Овој транзит има за цел да ве однесе на едно ново ниво. Ако се соочувате со недостаток на самодоверба, другите се тука да ве потсетат колку вредите, дозволете им го тоа.

Риби

Риби, бидејќи не сте таму каде што сакате да бидете, може да го поткопате местото каде што всушност сте.  Престанете да се споредувате со другите.  Не се работи за тоа што правеле вашите родители или што прават вашите најдобри пријатели од детството. Вие сте своја личност и имате способност да се славите себеси, без разлика што прават оние околу вас. Како што почнувате да ги гледате резултатите од вашиот труд, одвојте моменти за да го цените својот раст.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ