сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотПовик до сите хумани луѓе, итно е потребно да се соберат парите...
spot_img

Повик до сите хумани луѓе, итно е потребно да се соберат парите за Кико, состојбата му е влошена – Ниту со медицински авион не може во Турција

Здравствената состојба на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван е влошена, додека се уште трае собирањето на донации за да биде испратен на лекување во Турција. Хуманитарната акција ја започна јутуберот Стефан Лазаров, кој денеска објави дека се појавил и нов проблем – докторите одбиваат да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаат дека нема да го издржи патот.

„Ниту еден доктор не се нафаќа да потпише да потпише документ за Кико да може да оди дури и со медицински авион за Турција, бидејќи нема да го издржи патот. За Кико да може да го издржи патот мора да биде подобар колку-толку до понеделник, за во вторник да патува. Во болницата во Штип тоа нема да се случи никогаш затоа што нема ниту лекови, ниту услови за него во овој момент“, напиша Лазаров.

Тој додава дека е побарано момчето да се лекува во приватна клиника за да му се подобри состојбата. Оттаму, според неговото кажување, чекаат одговор.

За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра. Трошоците се зголемуваат поради влошувањето на состојбата односно специфичниот трансфер.

Броеви за донации:
143-471 – А1
143-130 – ТЕЛЕКОМ

Трансакциска сметка: 200004087594930 – СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, на име Катерина Коцева.

Платформа за донации: Gofundme.com

Текстот Состојбата на Кико е влошена, ни со медицински авион не може во Турција – итно е потребно да се соберат парите преку донации е превземен од МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ