петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПендаровски ја прашува јавноста: Како ја рушиме македонската држава ако внесеме Бугари,...
spot_img

Пендаровски ја прашува јавноста: Како ја рушиме македонската држава ако внесеме Бугари, Црногорци и Евреи во Уставот?

Според Пендаровски, членство во Унијата е можно до 2030, бидејќи како што рече, имаме внатрешен потенцијал, паметни луѓе но има две други прашања. Според него, членството не зависи само од нас и во тој контекст има две ситуации.

Ние сме се наслушале за реторички национален консензус. Кога ќе ги прашаш сите политичари дали сте за ЕУ, сите викаат да. Кога ќе речеш дали под овие услови и со оваа преговарачка рамка – половината ги нема. Во моментов за жал немаме национален консензус за да продолжиме кон ЕУ, рече денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Според него, прва обврска на државата во таа смисла е отворање на Уставот и дека „тука треба да се покаже дали сме за ЕУ или не сме“

-Содржината на преговарачката рамка ни е позната, барањето за да ги внесеме Бугарите како дел од народ во Преамбулата е позната. Ако веќе имаме шест делови од други народи кои живеат тука плус Македонците, што е спорно? Како ја рушиме македонската држава ако внесеме уште Бугари, Црногорци и можеби Евреи, праша Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ