сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштина Штип издвојува 18 милиони денари за поддршка на спортските клубови, здруженија...
spot_img

Општина Штип издвојува 18 милиони денари за поддршка на спортските клубови, здруженија и манифестации

Општина Штип и годинава финансиски ќе ги поддржи спортските клубови, спортските здруженија, спортските институции и манифестации. Претседателот на Комисијата за спорт Дејан Здравков на денешната прес-конференција истакна дека финансиските средства за оваа намена годинава се зголемени за три милиони денари, односно од 15 милиони, колку што беа минатата година, на 18 милиони денари, колку што се определени за годинава. Јавниот повик е објавен денеска, а сите заинтересирани може да се пријавуваат до 29 јануари.

-Општина Штип распиша Јавен повик за доделување материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортските институции кои вршат јавен интерес во областа на спортот во општина Штип. Исто така ги повикуваме и здруженијата кои одржуваат манифестации на територија на општина Штип да се пријават на огласот. Огласот ќе биде активен од денес, 23 јануари, а ќе заврши на 30 јануари. Сите клубови веќе имаат доволно искуство за тоа кои сѐ документи се потребни за пријава на Огласот, истиот ќе се достави до Архивата на Општина Штип, рече Здравков.

Минатата година бројот на апликанти бил зголемен за десетина, а Комисијата годинава очекува уште поголем интерес од страна на спортските клубови, здруженија и институции. Постапката за доделување на оваа материјална помош ја спроведува Комисијата за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и поддршка на спортски манифестации согласно со одредбите на Правилникот.-Минатогодишните огласи кажуваат дека имаме постојан прогрес, односно зголемување на бројот на апликантите коишто се јавуваат на Огласот.

Првата година се пријавија 34, минатата година 45, се надевам дека и оваа година интересот ќе биде зголемен затоа што сакаме на транспарентен начин да ги трансферираме средствата од Буџетот на Општина Штип, изјави Здравков.Денеска се одржа и вториот состанок на Комисијата која одлучува за наградите од манифестацијата Спортист на град Штип за 2023 година, а која ќе се одржи на 30 јануари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ