сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОд полноќ поскапуваат горивата – бензинот за 1 денар, а дизелот за...
spot_img

Од полноќ поскапуваат горивата – бензинот за 1 денар, а дизелот за 0,5 денари

И најновата корекција на цените на горивата регистрира нејзино покачување. Ова во денешното гостување во емисијата „ Студио 10“  го најави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој денес информира дека бензинот поскапува за еден денар, а дизелот за 0,5 денари.

-За жал ова е осма недела како поскапува. Како РКЕ не можеме да влијаеме на цената на горивата, имајќи ја во предвид структурата. Цената на бензините отпаѓа на набавната цена која што е на берзите и немаме никакво влијание. Соодветно на тоа е и курсот на доларот, рече Бислимовски во емисијата „Студио 10“.

Тој додаде дека Македонија има најниска цена на дизелот во регионот, која изнесува 1,19 евра за литар.

Новите цени на горивата ќе важат од ноќеска на полноќ и ќе важат во следните седум дена. Според новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по цена од 74 денари за 1 литар.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ