петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОд ноќеска започнува летното сметање на времето, стрелките се поместуваат еден час...
spot_img

Од ноќеска започнува летното сметање на времето, стрелките се поместуваат еден час нанапред

Од 2 часот, стрелките на часовникот ноќеска ќе се поместат на 3 часот, односно еден час нанапред. Вечерва со поместување на стрелките на часовникот за еден час понапред почнува летното сметање на времето.

Европската комисија пред неколку години испрати предлог до Советот на Унијата за да се укине поместувањето на часовникот на часовникот со што ќе остане во сила зимското сметање на времето. Со оглед на тоа што земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, овој режим останува на сила. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите-членки. САД неодамна усвоија закон со кој летното сметање на времето важи цела година.

Поместување влијае на биоритамот, а поради летното сметање на времето губиме еден час сон. Лекарите советуваат порано легнување или следниот ден да спиете подолго за да го надоместите изгубеното време.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето. Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ