недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОдложено судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев
spot_img

Одложено судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев

Доктор Жан Митрев седна во судница но судењето за измама против него и неговата болница не почна. Новите бранители кои ги ангажирал вчера, побараа и добија одложување за да направат увид во предеметот, кој е обемен со докази и да подготват одбрана.  Адвокатите што учествувале во истрагата испратиле оправдание за отсуството а на едниот Митрев му го откажа полномошното. Уште на првото рочиште се почувствуваа искри на реалција обвинителство- одбрана. Обвинителката Искра Хаџивасилева  порача да  не се злоупотребува правото на одбрана а адвокатот Никола Додевски и одговори да не врши притисок врз судот,  дека треба да се почитува начелото на еднаквост на оружјата и дека обвинетиот има право на слободен избор на бранители.

-Правото на одбрана е неспорно, обвинетиот може да ангажира и повеќе бранители, но тоа не треба да биде причина за одлагање, правото на одбрана треба да претставува гаранција за соодветно присуство на бранител во целата постапката, рече Хаџивасилева

Митрев и бранителите излегоа додека обвинителката даваше изјава и не застанаа да пред медиумите. Од клиниката Жан Митрев испратија соопштение за медииумите дека очекуваат фер судење и дека заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажат вистината.

Уште утрово реагираа за одлуката на Кривичниот суд кој вчера определил времени мерки за блокирање на сметки на болницата. Овој чекор го нарекоа, пресуда пред да почне судењето, брутална блокада на болницата.

-Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес. Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање. …Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев, стои во соопштението од клиниката Жан Митрев.

Од обвинителстото кое ги предложи мерките велат, барањето е од пред неколку месеци а на одбраната и порачаа дека може да понуди и друга гаранција за да се ослободат сметките.

-Ова е нешто што трае подолго време. Обвинителството повтори дека не е негова претензија да се блокира работата на болницата, напротив, се водевме од начелата на пропорционалност. Сега имате од страна интерес на оштетени и нивното правото на побарување кое е пријавено, јас чувствувам обврска да го заштитам, но повторено е многупати како и денес дека одбраната може и апсолутно е прифатливо да понуди износ како гаранција за таквото побарување. Тоа е нешто што Обвинителството и тоа како ќе го цени, дури и го охрабрува” изјави обивнителката Хаџивасилева.

Од Кривичниот суд објаснуваат дека станува збор за неправосилно решение со кое се определуваат  привремени мерки -забрана за отуѓување на недвижен имот и им е наложено на банките да не дозволат исплата на определени парични износи. Судењето продолжува на 5 април.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ