недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСценаОвој викенд Макфест со посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година
spot_img

Овој викенд Макфест со посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година

Годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година. Ако фестивалот лани направи крупен исчекор од „неколкугодишната летаргија“, годинава се очекува тој со крупни чекори „од седум милји“ да зачекори кон изданијата од своите најдобри денови во долгата и богата историја.

Првата вечер на млади надежни имиња и фестивалски дебитанти воедно има и натпреварувачки карактер, зашто половината најдобри од неа ќе се најдат на сцената на “Макфест 2023“ и во следната, ревијална вечер, рамо до рамо со поголемите, попознати и веќе докажани естрадни имиња.На годинешниов „Макфест 2023“ кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Центарот за културата „Ацо Шопов“ во Штип очекувајте едно многу поинакво издание на најпознатиот фестивал во Македонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ