Ситуацијата на светските берзи ќе станува уште полоша, изјави вечерва претседателот на Регулаторната комисија за Енергетика, Марко Бислимоски.
Тој беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител и даде песимистичка изјава дека смета оти ситуацијата со горивата ќе станува се полоша.
„Јас тоа што го гледам на светските берзи, ситуацијата со цената на нафтата ќе станува полоша и полоша. Сега можеби и треба да бидеме среќни … многу се плашам, да не се доведеме во ситуација, во јануари или во февруари да кажуваме дека оваа цена што беше во мај и јуни беше супер“, изјави Бислимовски.